четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 114
home Познати

Џенифер Анистон објави фотографија од пријател заболен од коронавирус и испрати моќна порака

Џенифер Анистон објави фотографија од пријател заболен од коронавирус и испрати моќна порака

Ѕвездата од серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон објави на социјалната мрежа Инстаграм фотографија од нејзин пријател кој се лекува од коронавирус.

Со тоа ги вознемири нејзините фанови, но тоа беше и нејзината цел. Да ја крене свесноста!

На фотографијата е нејзиниот пријател Кевин, кој поради Ковид 19 неколку денови е во болница.

„Ова е нашиот пријател Кевин. Совршено здрав, ниту еден здравствен проблем. Ова е Ковид. Ова е страшно. Не можеме да бидеме толку наивни да помислиме дека ова можеме да го надминеме. Ако сакаме ова да заврши, а сакаме зар не, еден чекор кој можеме да преземеме, ве молам, носете маски“, напишала актерката под фотографијата.

 

„Направте го тоа за своето семејство, а најмногу за вас. Ковид ги напаѓа сите старосни групи“, напишала Џенифер Анистон и додала дека фотографијата е направена на почетокот на месец април и дека Кевин сега се опоравува од корона вирусот.

Коронавирус