понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Познати

Џенифер Анистон имаше само еден коментар откако и кажаа дека Бред со воодушевување ја гледал

Џенифер Анистон имаше само еден коментар откако и кажаа дека Бред со воодушевување ја гледал

Џенифер Анистон и Бред Пит се една од актуелните теми во светските медиуми по нивните погледи и допири на доделувањето на SAG наградите.

Јавноста бруи за нивниот однос, а многумина се надеваат дека поранешниот пар повторно ќе ги разгори страстите и ќе биде заедно.

На Интернет се појави видео снимка на која Бред Пит ја гледа Џенифер од зад сцената додека ја прима наградата, па новинарите не ја пропушѓтија можноста да ја прашаат актерката за коментар.

-Ох, слатко, кусо одговорила Анистон која продолжила да зборува за примената награда и можноста на таков настан да се дружи со колегите.