понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 6
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Џеки Чен се огласи во врска со коронавирусот: Ви благодарам на поддршката и грижата

Џеки Чен се огласи во врска со коронавирусот: Ви благодарам на поддршката и грижата

Актерот Џеки Чен се огласи на социјалните мрежа во врска со коронавирусот кој го тресе светот.

Чен им се заблагодари на сите пријатели и обожаватели кои се загрижиле за неговото здравје, но посочува дека се чувствува добро и дека не бил во карантин.

-Јас сум здрав и безбеден, не сум бил во карантин. Добив многу пораки од пријатели кои прашуваат дали сум добро. Би благодарам на вашата љубов и грижа! Добив и некои специјални подароци од фановите низ целиот свет во ова многу тешко време. Ви благодарам за маските за лице. Побарав од мојот прекрасен персонал да ја донира вашата љубезност преку официјалните организации на оние на кои им е најпотребно. Ви благодарам!, напиша Чен на социјалните мрежи.

Според последните информации од Светската здравствена организација досега регистирани се над 81.000 случаи на заболени од коронавирусот. Ковид-19 е проширен на сите континенти, а потврдени случаи има во 40 земји.