понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Познати

Џеј Ло се соблече и покажа неверојатно тело: Коментарот на нејзиното момче предизвикува љубомора кај другите жени (ФОТО)

Џеј Ло се соблече и покажа неверојатно тело: Коментарот на нејзиното момче предизвикува љубомора кај другите жени (ФОТО)

Џенифер Лопез по којзнае кој пат го покажа своето боженствено тело. Често ни самите ние не знаеме како да ја опишеме совршената Џенифер Лопез (49) која не престанува да нè маѓепсува со својот изглед и форма, а нејзиното момче Алекс Родригез пронашол вистински начин да го направи тоа.

Џенифер позирала во хеланки и топ – што не е никаква новост и сите веќе сме ги виделе нејзините извајани стомачни мускули, но оваа жена секојпат отпочеток може да нè магепса. И како минатиот пат да пропуштивме некој детаљ, па затоа бараме да видиме нешто подобро.

Тоа што е интересно е коментарот на нејзиното момче на кој ставил и црвено срце. Напишал само два збора, но тие се и повеќе од доволни да го искажат тоа што тој го чувствува кон неа.

„Smoke show“ – напишал Родригез што во превод би значело:

Збор за опишување на некој кој е многу згоден што всушност гледате како чадот излегува од него. Да се биде „smoke show“ значи да се биде толку прекрасен, со одличен изглед и целосно надвор од овој свет.

 

Најнови вести

Коронавирус