понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 63
home Познати

Џеј Ло и Северина во исто парче облека: Чини цело богатство, а нема да ви се допадне (ФОТО)

Најголемиот дел од коментарите на фановите е дека на овие две жени навистина им стои се, но дека овој џемпер не вреди ниту најмал дел од сумата која тие ја платиле за него.
Џеј Ло и Северина во исто парче облека: Чини цело богатство, а нема да ви се допадне (ФОТО)

Згодната Џенифер Лопез кон крајот на месец декември се прошета во скап џемпер и со него стигна до насловните страни на магазините.

„Некој може да биде секси и во обичен џемпер“- гласеше еден од коментарите.

Но, овој џемпер секако не е обичен.

Неодамна и Северина на Инстаграм се пофали со истото парче гардероба. Хрватската пејачка позираше со него облечен како наметка.

И нејзината фотографија, како и онаа на Џенифер собра огромен број на коментари.

Станува збор за луксузно парче облека од брендот Гучи чија цена е околу 4.000 долари. Ќе се запрашате кој би дал толку пари за џемпер?

Северина и Џеј Ло очигледно не жалат пари за добро парче облека. За вкусовите, секако, нема да расправаме.

Најголемиот дел од коментарите на фановите е дека на овие две жени навистина им стои се, но дека овој џемпер не вреди ниту најмал дел од сумата која тие ја платиле за него.

„Гучи е круна во светот, ама џемперов изгледа го правела нечија баба“, гласи еден од коментарите на Инстаграм.

Најнови вести

Коронавирус