понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 165
home Познати

Џани наводно бил лут на Дара Бубамара: „Таа е безобразна“, а сега се огласи пејачот и ја откри вистината за нивниот однос

Џани наводно бил лут на Дара Бубамара: „Таа е безобразна“, а сега се огласи пејачот и ја откри вистината за нивниот однос

Радиша Трајковиќ Џани, неговата сопруга Слаѓана и синот Милош веќе почнаа да ја издржуваат казната од 90 дена домашен притвор поради прекршување на мерките за полициски час.

Наводно, Дара Бубамара се разочарала од однесувањето на пејачот и не го побарала да праша дали нешто му треба кога беше уапсен претходниот викенд поради крешење на правилата за заштита од корона.

„Откако беа уапсени тие ги исклучија мобилните телефони, само се јавија на членовите на семејството дека остануваат во притвор. Кога следниот ден излегоа пред судот и добија казна, тие ги вклучија мобилните и почнаа да добиваат пораки на поддршка, а меѓу колегите кои се јавија беа Ацо Пејовиќ и Ванеса Шошкиќ“ вели извор и додава:

„Тие прашаа дали нешто е потребно на нивниот син. Меѓутоа, тие се разочараа бидејќи не се јавија нивните други пријатели, а најмногу се разочараа што не се јави Дара Бубамара која им е куќен пријател“ тврди изворот.

„Иако Џани се обиде да ја оправада Дара, неговата сопруга Слаѓа почна да вика е неблагодарна и безобразна и го потсети сопругот колку пати ја поддржаа во нејзиното однесување, кога беа објавени голите фотографии и експлицитните видеа. Се заколнеа дека со 90% од естрадните уметници ќе го прекинат контактот, особено со луѓето како Дара“ вели изворот.

По тој повод се огласи и Џани, па истакна.

„Ова е лага, Дара е моја пријателка“.

Дара Бубамара не сакала да ги коментира пишувањата, само апелирала до сите да останат дома.

извор: vistina.com.mk

Коронавирус