Ким Кардашијан на социјалните мрежи објави фотографија од нејзината последна фотосесија.
Старлетата позира во розев фустан од тул, а фановите искоментираа дека во него личи на торта. Ама од оние на кои ставате толку многу шлаг што не е ни убава за јадење.
Ким позира пред објективот на Сита Абелан, а фустанот овој викенд го носеше и Дуа Липа. Пејачката во ваква креација се појави на Британските музички награди.
Овој фустан иако е модерен и премногу скап, ретко кому му се допадна. На социјалните мрежи се води дебата на прашањето „На која ПОЛОШО стои оваа креација“.