петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Душко Тошиќ на одмор во Дубаи заедно со ќерките, Карлеуша остана дома

Душко Тошиќ на одмор во Дубаи заедно со ќерките, Карлеуша остана дома

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ не се заедно на одмор. Тој отпатува заедно со своите ќерки Атина и Ника во Дубаи минатата недела, но Јелена остана во Белград.

Душко ги обожава своите ќерки и секојдневно објавува фотографии и видеа од одморот на социјалнита мрежа Инстаграм.

За Душко ќерките се секогаш на прво место. Тој е совршен татко и прави сè за тие да имаат среќно детство. Фудбалерот сака да биде со девојчињата затоа што не се заедно секој ден заради неговиот ангажман во Кина.

Ова е прв пат Карлеуша и Душко да не се заедно на одмор. Таа изјави дека не можела да оди на патувањето заради своите обврски во Белград. Таа постојано е во контакт со ќерките и е воодушевена од тоа како уживаат.