понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 80
home Познати

Душко го возврати ударот: Реагираше на објавата на Карлеуша во која истакна дека и недостига љубов, еве што и порача (ФОТО)

Душко го возврати ударот: Реагираше на објавата на Карлеуша во која истакна дека и недостига љубов, еве што и порача (ФОТО)

Јелена Карлеуша со емотивна порака се обрати до Ана Бекута која го загуби партнерот Милутин Мрка Мркоњиќ.

Јелена во објавата напиша дека била воодушевена од љубовта на Ана и Мрка, како Мрка секаде ја следел Ана.

Јелена додаде дека такво нешто и недостигало на неа.

-Тој секаде одеше со неа, ја подржуваше, ја штитеше и гледаше со гордост. Ги гледав со воодушевување бидејќи во мојот живот секогаш тоа ми недостигаше. Беше горда на него и тој на неа. Некои живеат цел век, но не ја доживуваат таа среќа. П.С ( Знам дека сега Мрка сега би прокоментирал нешто смешно и ќе ја насмее Ана од срце, онака како што се смееше покрај него). Ние две планиравме да му отвориме „Инстаграм профил“ и првата фотографија да биде како тој покажува среден прст на сите г*мна кои лајкуваа дека е лошо. Тоа беше моја идеја, не на Ана, таа само се смееше на моите идни планови. Сега кога повторно ќе размислам, потполно непотребна идеја Ана. Луѓето како Мрка оставаат трага, а овие другите се никој и на нив никој не се сеќава…Времето ниту една приказна не остава недовршена), напиша Карлеуша покрај фотографија на која цврсто ја прегрнува Ана.

По објава, реагираше и сопругот на Јелена Карелуша, Душко Тошиќ.

Имено, тој во кусите приказни на „Инстаграм“ објави порака со следната содржина

-Понекогаш, човекот со тишина кажува многу работи, напиша тој.

Инаку, Тошиќ поради својата професија, многу ретко ја следи Јелена на своите настапи. Карлеуша за нова година ќе настапува пред собранието во Белград, па истакна дека Душко нема обврски и можеби ќе биде со неа на новогодишната ноќ.

Коронавирус