петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 80
home Познати

Душко Чифлиганец менаџер на годината, Чадиковски маж на годината

Душко Чифлиганец менаџер на годината, Чадиковски маж на годината

Специјалист по детска хирургија, Владимир Чадиковски, беше избран за маж на годината во конкуренција со 82 мажи. Изборот на мажи за 2018 беше спроведен во организација на Friday.mk и Моментум, а признанијата беа доделени вчера на гала вечер во „Тренд Гастро Бар“. Чадиковски доби признание и за маж со најголем придонес во општеството.

– Ќе се потрудам да придонесувам во општеството уште повеќе и да се донесат во Македонија европските стандарди за третманот на деца – изјави тој.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, пак, беше награден за маж со најдобар стил.

-Ми стана незгодно прво, но после ми се уарни. Немам ништо спремено, не знаев дали ќе има прилика за два три збора, но јас кога ќе видам микрофон од кампањата ми е останато 30 минути да зборувам – рече Димитров.

Беа доделени признанија во вкупно десет категории. Живко Мукаетов беше избран за менаџер на годината, а признанието за млад менаџер на годината му беше доделено на Душко Чифлиганец. Амбасадорот на Холандија, Валтер Пломп, беше награден со статуетката странец маж. За маж со најголем придонес во споротот беше избран Кирил Лазаров, а маж на годината избран преку социјалните мрежи беше Огнен Јанески. Трифун Костовски, пак, беше награден со признанието маж со трајни вредности.

 

Извор: skopjeinfo.mk

Коронавирус