четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 187
home Познати

ДРАМАТА ПРОДОЛЖУВА: Амбер призна дека лажела пред судот, ја криела вистината за милионите

ДРАМАТА ПРОДОЛЖУВА: Амбер призна дека лажела пред судот, ја криела вистината за милионите

Амбер Херд на суд призна дека лажела и тоа под дадена заклетва, со што судењето со поранешниот сопруг Џони Деп стана пошокантно.

Кога Џони и Амбер се развеле, актерката добила седум милиони долари за да молчи за нивниот однос, и во 2016 година се заколнала дека тој износ ќе го даде во хуманитарни цени бидејќи „не ги сакала никогаш парите на Деп“.

Амбер во интервју дадено за холандска телевизија во 2018 година потврдила дека донирала седум милиони долари и дека 3,5 милиони добила Американската унија за човекови права, а останатите 3,5 Детска болница во Лос Анџелес. Овие тврдења таа ги повторила и на суд под заклетва во 2020 година.

Сега, актерката која го обвини Деп за брутално силување и насилство признала дека лажела.

-Навистина планирам да го исполнам тоа ветување и би сакала тој да престане да ме тужи за да можам тоа да го направам. Земав помалку пари од тоа што ми беше понудено, бидејќи никогаш не ги сакав неговите пари. Само ги сакав својата безбедност и иднина, а тие тој ги загрози. Сакав да ме остави на мира, вели Амбер.

Во судските документи се наведува дека Американската унија за човекови права од Амбер или во нејзино име засега добила само третина од износот. Половина милион долари добиле од компанијата чиј сопственик е Илон Маск со кого таа кусо била во врска.

Коронавирус