Оливер Драгојевиќ пред неколку месеци објави дека боледува од рак на белите дробови.
Од тогаш уметникот се бори со болеста, а е во фаза на излекување.
Според новите информации, Оливер се чувствува многу подобро, но признава дека болеста го изморила.
-Да подобро сум, но ништо не е како претходно. Ми недостасува енергија и не сум во одлична кондиција. Треба да издржам. Лечењето трае многу долго и бара многу трпение, послушност и дисциплина, тоа е најтешко, вели пејачот.
Музичарот смета дека ќе му биде многу подобро кога ќе заврши целиот процес со хемотерапија, а тоа е за два до три месеци.