сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Познати

Доживеала нервен слом: Поради овој потег на пејачот, Слаѓа бара развод од Џани

Доживеала нервен слом: Поради овој потег на пејачот, Слаѓа бара развод од Џани

Популарниот фолкер, Радиша Трајковиќ познат како Џани, по 25 години брак се разведува од својата сопруга Слаѓа.

Таа наводно одлучила да стави крај на бракот и повеќе не сака да ги толерира постапките на пејачот.

Слаѓа ги контактираше адвокатите за да подготват документи за да го прекинат нивниот брак што е можно поскоро.

-Жената е тажна и депресивна, децата се обидуваат да ја насмеат, но не вреди. Таа не се надеваше дека ова ќе се случи. Причината зошто одлучила да се разведе е тоа што Џани му позајми голема сума пари на човек кој не е нивен пријател, туку само познаник. Таа полуде и доживеа нервен слом. Слаѓа постојано се грижи за парите, додека Џани без размислување ги троши,  вели извор за „Стар“ и додава:

-Џани се надева дека Слаѓа ќе му прости, но прашањето е како се ќе излезе на крајот. Проблемот е што Слаѓа прво мислеше дека Џани се коцка, но откри дека парите се позајмени на познаник, заклучува изворот.

Коронавирус