понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Досега го немаме видено: Таткото на Јелена Карлеуша дојде на роденденот на пејачката, скромно позираше до неа (ФОТО)

Досега го немаме видено: Таткото на Јелена Карлеуша дојде на роденденот на пејачката, скромно позираше до неа  (ФОТО)

Јелена Карлеуша изминатиот викенд го славеше својот 41-ви роденден, а на забавата која се одржа во еден белградски ресторан се појавија членовите на нејзиното семејство, пријателите, колегите…

Карлеуша се фотографираше со сите присутни, а меѓу нив беше и нејзиниот татко кој таа речиси никогаш не го експонира во јавност.

Но, овој пат направи исклучок и заедничката фотографија ја објави на Инстаграм.

Во една прилика Карлеуша за српските медиуми изјави дека тој бил многу строг татко кој не и дозволувал да биде пејачка.

Ова за неа беше тажен роденден, прв по смртта на нејзината мајка Дивна.