среда, 31. мај 2023. Вести денес: 104
Во живо

Трибина на тема „Политики за развој енергетскиот сектор“

home Познати

Домот на Оливер Драгојевиќ завиен во црно- сограѓаните палат свеќи и оставаат свежо цвеќе пред неговата врата (ФОТО)

Домот на Оливер Драгојевиќ завиен во црно-  сограѓаните палат свеќи и оставаат свежо цвеќе пред неговата врата (ФОТО)

Откако вчера утрото со брзина на светлината одекна веста за смртта на легендата Оливер Драгојевиќ речиси сите балкански земји му оддадоа почит присетувајќи се на неговите хитови.

Родното место на пејачот Вела Лука вчеравечер на симболичен начин се прости од нивниот сограѓанин собирајќи се пред неговиот дом.

Жителите пред домот на Оливер кој секое лето доаѓал оставаа свежо цвеќе, а палеа и свеќи.

Исто така општината Вела Лука на својот Фејсбук профил се опрости од пејачот со стихови од една негова песна.

-Денес Вела Лука е завиена во црно. Ти благодариме за се наш Оливер, стои во статусот на општината.