Првата дама на Србија, Тамара Вучиќ ја посети сопругата на кинескиот шеф на државата Си Џинпинг, Пенг Лијуан, а нивната средба осамна на Јутјуб.
Имено кинеската телевизија објави видео од нивната средба во Пекинг.
Пенг за време на состанокот со Тамара Вучиќ, сопругата на претседателот на Србија Александар Вучиќ, ја повикала на значајно и долгорочно развивање на српско- кинеските односи, известила кинеската ТВ станица ЦГТН.