петок, 20. јули 2018. Вести денес: 0
home Познати

Документот со податоците за новородениот принц Луис откри што се по професија неговите родители (ФОТО)

Документот со податоците за новородениот принц Луис откри што се по професија неговите родители (ФОТО)

Вчера светската јавност за прв пат имаше можност да го види документот на најмладиот член на кралското семејство роден пред само две недели.

Станува збор за изводот од матичната книга на родените каде се содржи името, датумот на раѓањето, како и податоци за двајцата родители.

Принцот Луи е роден на 23 април, а неговото целосно име е Луис Артур Чарлс од Кембриџ.

Во овој документ се наведуваат и професиите на двајцата родители кои според многумина привлече големо внимание.

Принцот Вилијам Артур Филип Луи, војводата од Кембриџ по професија е принц на Велика Британија, додека принцезата Кетрин Елизабет, војвотката од Кембриџ е принцеза на Велика Британија.

Иако е познато дека тие дипломирале историја на уметноста сепак по професија навеле дека се принц и принцеза, погледнете.