сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 65
home Познати

Докторите одлучија кога Лазиќ ќе ја има следната операција

Докторите одлучија кога Лазиќ ќе ја има следната операција

Докторите конечно одлучија кога српскиот пејач Дарко Лазиќ, кој преживеа тешка сообраќајна несреќа, ќе ја има следната операција.

Тие сметаат дека неговиот организам добро заздравува и според моменталните прогнози ќе може да му биде оперирана ногата.

-Организамот на Дарко одлично се опоравува. Тој секој ден е се посвесен. По цел ден е на аналгетици поради болките, но важно е дека неговата состојба е стабилна и оди на подобро. Затоа докторите одлучија операцијата на ногата да биде идната недела, вели за српски Блиц извор од болницата во Земун каде е хоспитализиран пејачот.

Докторите до сега не можеа да ја оперираат неговата нога бидејќи чекаа состојбата  да му се стабилизира. Бидејќи во моментов внатрешните органи се проблем, тој секојдневно е на дијализа за да му се подобри работата на бубрегот и да му зајакнат останатите органи.

За потсетување, Дарко досега имаше една операција која беше потребна за да му се запре внатрешното крварење при што му беше извадена слезината.

Коронавирус