петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Додека светот го нарекува педофил, се огласија браќата на Џексон: Сите обвинувања се поради пари, Мајкл не е тука да се одбрани

Додека светот го нарекува педофил, се огласија браќата на Џексон: Сите обвинувања се поради пари, Мајкл не е тука да се одбрани

Семејството на Мајкл Џексон ги отфрла како невистинити тврдењата во „Leaving Neverland“, документарецот во кој Мајкл Џексон е обвинет за педофилија од страна на Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак.

-Фактите се јавни, кога сведочеа под заклетва рекоа дека Мајкл не ги злоставувал, тоа се фактите. И двајцата сведочеа во минатото во корист на Мајкл, а не против него, велат неговите браќа.

Вејд и Џејмс денес имаат поинаква приказна. Велат дека лажеле под заклетва, ги лажеле родителите и сите за кои се грижат, бидејќи сакале да го заштитат Мајкл Џексон. Вејд рекол дека не сакал да биде тој кој ќе му наштети на Мајкл Џексон.

На ова, семејството на Мајкл вели:

-Го знаеме нашиот брат. Тој никогаш не би направил такви нешта. Зошто чекаа 10 години по неговата смрт за да го изјават ова? Се уште се на суд со имотот Неверленд, тужејќи за стотици милиони долари. Мајкл не е тука да се одбрани.“

„Мислете дека се е поради пари, а не дека Вејд сакал да го заштити Мајкл?“

„Вејд не заштитил никого во својот живот“, вели внукот на Мајкл, Таџ.

„Секогаш беше за пари. Кога е во прашање мојот вујко, како да гледаат во бланко-чек. Затоа што за нив некој се грижел цел живот. Мислам дека тоа е проблемот, луѓето мислат дека некој нешто им должи. Наместо да работат за некоја цел, го обвинуваат мојот вујко за сенешто“, вели Таџ.

На потпрашањето од новинарката дали можеби семејството ова го тврди затоа што има свој материјален интерес во заштита на имотот Неверленд против кој е насочена милионската тужба, Џексонови категорично негираат.

„Ние не добиваме ништо од имотот, освен емоционалната вредност, спомените“, велат тие.

Го обвинуваат режисерот Ден Рид кој никогаш не ги исконтактирал членовите на семејството за нивната страна од приказната.

„Тој претпоставува дека се што зборуваат Вејд и Џими е вистина. Тој им верува, нема ништо лошо во тоа, но мора да ги потврди обвинувањата. Кога ќе обвинуваш некого, мора да се осигураш дека ја раскажуваш вистината, а не дека продаваш лаги – како што е случајот сега“, велат од семејството на починатиот пејач.

„Сакам луѓето да знаат дека документарецот не ја кажува вистината. Нема ниту еден доказ кој ќе ја потврди приказната. Го знам брат ми. Јас сум неговиот постар брат, го познавам брат ми. Знам за што се залагаше, што се трудеше да направи. Луѓето кои навистина го знаат, ја знаат вистината.“, велат Џеки, Марлон и Тито, браќата на Мајкл.

Најнови вести