Познати

„ДОДЕКА СПИЕ, СУЗАНА БДЕЕ НАД НЕГО“: Водителот за здравствената состојба на Саша Поповиќ

„ДОДЕКА СПИЕ, СУЗАНА БДЕЕ НАД НЕГО“: Водителот за здравствената состојба на Саша Поповиќ

Саша Поповиќ, креативниот директор на „Гранд“ продукција, извесно време отсуствува од работа поради здравствени проблеми.

За здравствената состојба и борбата на Саша сега за локалните медиуми зборуваше Зоран Пејиќ Пеја.

– Ситуацијата се подобрува, исклучително ми е драго, да не урочиме. Јас се молам на Бога и сите наши пријатели се молат на Бога да тој тоа го победи. Тој е голем борец и голем човек и заслужи да го победи сето тоа. Се подобрува, многу е бавно, но е достижно, вели Пеја за „Свет“, па откри како се држи Поповиќ.

– Феноменално се држи. Тој знае што треба да направи, го прави тоа. Тој патува, оди во Франција, па доаѓа дома. Овде има и прегледи, тука има и лекари кои се грижат за него. Сега тој е фокусиран на своето здравје. Сите контакти во врска со „Гранд“ ги остварува телефонски и дава директиви бидејќи се уште е музички магионичар и сето тоа без него не би било тоа што е – истакнува водителот.

На Саша цело време друштво му прави сопругата Сузана.

– Сузана е таков борец, дише за Сале. Таа е покрај него 24 часа, додека тој спие, таа го чува. Таа се грижи за него, го вози. Тој е под нејзина контрола, таа е голем борец и голема лавица и симнете и’ капа за сета љубов. Се е тоа нормално, долго време се во брак и немаа никаков стрес за време на бракот, уживаа, додава водителот.

To top