недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 17
home Познати

Додека Италија е во карантин Роналдо избега од државата: Цела нација е бесна на тоа како го прославува Божиќ фудбалерот (ФОТО)

Додека Италија е во карантин Роналдо избега од државата: Цела нација е бесна на тоа како го прославува Божиќ фудбалерот (ФОТО)

Откако „Газета дело Спорт“ објави дека најскапиот и најплатениот фудбалер во Италија, Кристијано Роналдо ќе го помине Божиќ во Дубаи, скоро цела Италија се крена, зашто е привилегиран за да ги напушти Апенините во овој ек на борба со коронавирусот.

За разлика од Роналдо, на Италијанците им е предочено дека секое излегување надвор од земјата поради Божиќно-новогодишните празници, ќе значи задолжителна двонеделна самоизолација по враќањето, ама тоа не важело за Роналдо и фудбалерите. Сега италијанските медиуми пишуваат дека најмалку уште тројца фудбалери покрај Роналдо, планираат празниците да ги минат надвор од Италија.

„Роналдо може за Божиќ во странство, а ние ќе мора да седиме во карантин. Фудбалерите се привилегирани кога ќе се вратат, народот – нека пати“, коментирале Италијанците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Според протоколот, сите фудбалери што ќе ја напуштат Италија, нема да одат во самоизолација, туку после враќањето редовно ќе се тестираат и тренираат, а ќе се изолира само тој што ќе излезе позитивен. За обичниот народ, пак, поради превенција и полесна контрола, здравствените власти објавија 14-дневна самоизолација за секој кој ќе излезе од земјата и потоа ќе се врати. Ова стапи на сила од пред три дена.

Роналдо веќе еднаш се најде на тапет, откако „избега“ од Италија после експлозијата на коронавирус во март, а потоа вторпат се најде во фокусот откако заболе од ковид-19, па со приватен авион од Португалија се врати во Торино.

Коронавирус