понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Познати

Додека Дарко Лазиќ е во кома, Ана Севиќ ги барала парите од осигурувањето

Додека Дарко Лазиќ е во кома, Ана Севиќ ги барала парите од осигурувањето

Додека Дарко Лазиќ лежи во кома и се бори за живот, Ана Севиќ веќе размислува за парите кои може да се земат од осигурувањето на пејачот, пишуваат српските медиуми. Таа веќе го обратила до осигурителното друштво за да се распраша во врска со исплатата на пари на име на тешките повреди на нејзиниот се уште законски сопруг.

Кога се случи несреќата медиумите пишуваа за нејзините солзи и повици за молитва за Дарко. И додека сите мислеа дека несреќата ја погоди и тешко ја прифаќа веста за состојбата на таткото на нејзиното дете, веројатно намерите на Ана биле сосема поинакви.

Најблиските пријатели и семејство на Лазиќ, биле шокирани кога дознале дека Ана се распрашува околу отштетата. Медиумите пишуваат дека Ана Севиќ со денови не се појавила во болницата, а во меѓувреме е снимена на шопинг во Франкфурт.

Коронавирус