среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Познати

Додека Даниел Кајмакоски и неговата бивша Кристина градат кариера, еве кој им го чува синчето

Додека Даниел Кајмакоски и неговата бивша Кристина градат кариера, еве кој им го чува синчето

Претходната година во месец мај како бомба одекна веста дека пејачот Даниел Кајмакоски по три години брак се разведува од неговата сопруга Кристина Димитриевска.

Даниел за естрадниот магазин „Бекстејџ“ тогаш потврди дека со Кристина ставиле крај на заедничкиот живот, а од бракот го имаат синот Давид.

Па така, по нивната разделба секој си тргна по својот пат, Даниел замина во Белград каде што продолжи со својата музичка кариера и настапи, а учествуваше и победи во регионалното шоу „Твоето лице звучи познато“.

Од друга страна, Кристина стана „пејачка во обид“ и сними две песни една претходната година, а втората ја сними по новогодишните празници и е на спрски јазик, а при крајот на 2019 година победи на официјалниот избор на „Мис на Балканот“.

И додека поранешниот пар Кристина и Даниел градат кариера, се поставува прашањето кој им го чува синчето Давид?

Кристина во интервју за женски магазин откри дека се развела од Кајмакоски бидејќи сфатиле дека не се еден за друг, а како што вели со пејачот останале во добри односи.

ФОТО: ЖЕНСКИ МАГАЗИН

Таа откри кој го чува малиот Давид кога се на пат и имаат едн куп на обврски.

– Давид е најсреќно и најсакано дете, кое е многу поврзано со мојот брат. Брат ми му посветува големо внимание, буквално се како двајца браќа (се смее). А мојата мајка го чува како мало ангелче. Ние четворицата функционираме одлично, фала богу“ вели Кристина за „Женски магазин“.

За потсетување, синот на Даниел и Кристина во февруари оваа година ќе наполни три години.

извор: vistina.com.mk