понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 63
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Познати

Дневникот на Меган Маркл може да стане бестселер

Дневникот на Меган Маркл може да стане бестселер

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, пишувала дневник за својот живот на британскиот кралски дворец. Тоа би можело да стане бестселер, тврди извор запознаен со околностите.

Маркл, наводно, таму го опишува своето патешествие од американска глумица до членка на британското кралско семејство. Кралскиот биограф Ендрју Мортон, кој напиша книга за принцезата Дијана, но и за Меган, рече дека таква книга би дала една далеку појасна слика, пренесува британски „Сан“.

Мортон смета дека Маркл пишува убаво и користи убави изрази, за што најверојатно придонело и тоа што студирала англиски јазик во првата година на американскиот Северозападен колеџ. Не е непознато дека пишувањето ѝ претставува страст на Меган и се верува дека еден ден дневникот ќе се најде во печат.

Пријател на Меган Маркл, кој претпочита да остане неименуван, вели дека таа очајно сака да ја отстрани од себеси сликата на тешка личност – дива која се стреми кон слава и моќ и „гази“ преку вработените и другите потчинети.

Парламентарни избори 2020