четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 61
home Познати

Дилета Леота и згодниот турски актер прекинале? Не се појавил на прославата на нејзиниот роденден

Дилета Леота и згодниот турски актер прекинале? Не се појавил на прославата на нејзиниот роденден

Дилета Леота неодамна го прославила својот 30-ти роденден, а на забавата не се појавило нејзиното момче, 31-годишниот турски актер Џан Јаман, пишуваат италијанските медиуми.

За нивното прекинување почнало да се зборува уште претходно, кога Дилета била забележана дека повеќе не го носи вереничкиот прстен на рака.

Таа и Џан планирале раскошна венчавка во 2022-ра година, а актерот дури ја запознал со неговите родители.

На социјалните мрежи Дилета и Џан престанале да објавуваат фотографии на кои позираат заедно, а не се забележани заедно од почетокот на август.

Обожавателите забележале и дека еден со друг повеќе не си ги лајкуваат објавите, а недостасувала и честитка од Џан за роденденот на Дилета.

Парот уште не се огласил по повод овие гласини.

Локални избори 2021