недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 247
home Познати

Девојките љубоморно го прашаа: „Па добро неа ли ја одбра“, победникот на Евровизија ја покажа девојката откако ја криеше четири години

Девојките љубоморно го прашаа: „Па добро неа ли ја одбра“, победникот на Евровизија ја покажа девојката откако ја криеше четири години

Дамиано Давид, еден од во моментот најпопуларните Италијанци на светот, пејачот на бендот „Манескин“ кој победи на Евровизија, е снимен во едно од ретките излегувања со својата долгогодишна девојка Џорџија Солери.

Дамиано и Џорџијa обично не се појавуваат заедно во јавноста, ретко споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи и својот приватен живот го кријат од очите на јавноста. Но се сакаат последните четири години. За нивната врска се дозна дури пред неколку месеци, кога тој сподели само една фотографија на својот профил на Инстаграм.

„По четири години можеме да кажеме, зарем не?“, напишал тогаш покрај објавата Дамиано, кој на Инстаграм има повеќе од три милиони следбеници, од кои повеќето се жени и кои таа вест многу не ги израдува.

Девојката на згодниот Дамиано исто така ѝ е позната на италијанската јавност и на Инстаграм ја следат речиси 180.000 луѓе. Особено им се допаѓаат нејзините многубројни тетоважи и сексапилните фотографии кои често ги објавува.

Џорџиа му беше голема поддршка на Дамиано и на неговиот бенд на Евровизија, па ги повика своите следбеници на Инстаграм да гласаат за „Манескин“, а не го криеше ниту своето воодушевување со победата на Италија на музичкиот натпревар.

Но, со оглед на тоа што убавиот музичар деновиве фотографите го следат на секој чекор, не е ни чудо што конечно успеаја да ги фатат заедно. Тие биле снимени на улиците на Рим, на излегување од кино, по што седнале во кафуле со пријателите.

За оваа пригода, Џорџија одбрала бел лежерен фустан кој ги открива нејзините многубројни тетоважи, а Дамиано носел двобоен костум и маица со ликот на Бритни Спирс, односно нејзината фотографија од 2007 година откако доживеала нервен слом.

Сепак имаше и такви кои љубоморно го прашаа пејачот, „па добро бе неа ли најде да ја одбереш“, алудирајќи на нив самите.

Најнови вести

Локални избори 2021