понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Познати

Девет месеци по трагедијата сопругата на Синан Сакиќ со шокантни тврдења: Пејачот е убиен, имам докази кој го направил тоа! (ФОТО)

Девет месеци по трагедијата сопругата на Синан Сакиќ со шокантни тврдења: Пејачот е убиен, имам докази кој го направил тоа! (ФОТО)

Сопругата на легендарниот српски пејач Синан Сакиќ кој почина на 1 јуни минатата година овие денови ја тресе целата јавност со нејзиното шокантно тврдење.

Имено таа на социјалните мрежи објави фотографија и отворено писмо до јавноста каде што тврди дека нејзиниот сопруг Синан е убиен и дека таа ги има потребните докази.

-Драги пријатели, морам да ве известам дека девет месеци ме мачат едни исти зборови. Ме интересира зошто мојот маж е убиен. Плачејќи ме молеше да го спасам, да го однесам дома, бидејќи докторите не го лечат и сакаат да го убијат. Пет дена кардиолозите не му даваа ништо, а имаше срцев удар и оштетување на срцето. Никаква терапија, ниту пак инфузија примаше пет дена. Тој ми рече: Однеси ме, те молам, мацо ова не е ни болница, ни лудница, ова е логор, тука ти ја земаат последната капка достоинство. Тие не ме лекуваат, се откажаа, ќе ме убијат. Пет дена беше усмено отпуштен и чекаше отпусна листа. Намерно не му дадоа, никој не сакаше да му помогне ниту пријде. Молев и плачев да го прегледа кардиолог. Една професорка во паника во болницата ми рече, води го Синан од тука ќе го убијат. Бев во паника и неверување. А сега се прашувам по којзнае кој пат зошто е убиен и по чија наредба баш мојот сопруг? Чекав тоа некој да го истражи, но ништо, имам снимки, докази, дека е убиен. Сега се охрабрив и нема да дозволам лошите луѓе кои го убија да бидат неказнети. Се надевам дека ако постои правда тие со закон ќе бидат казнети, а верувам и во божјата правда, пишува Сабина Сакиќ.