вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 162
home Познати

Десет раскинувања на славните ѕвезди што ја одбележија 2020 година: Пукаа врски, веридби и бракови!

Десет раскинувања на славните ѕвезди што ја одбележија 2020 година: Пукаа врски, веридби и бракови!

Во продолжение прочитајте кои се најголемите раскинувања на ѕвездите во годината што беше одбележана со пандемија на коронавирус

2020 година поради пандемијата на коронавирус беше многу турбулентна и тешка. Карантинот, стресот, загриженоста и стравот влијаеа врз бројни парови, па раскинувањата и разводите беа зачестени, како меѓу обичните луѓе, така и меѓу славните ѕвезди.

Ви носиме листа на познати раскинувања што ја обележија оваа година.

Џенифер Гарнер и Џон Милер

48-годишната холивудска актерка во август ставила точка на двегодишната врска со 6 години помладиот американски бизнисмен и извршен директор на АОЛ, Џон Милер.

Бред Пит и Никол Потуралски

Врската на холивудскиот заводник и 29 години помладата и омажена манекенка имаше краток рок на траење. За нивната врска се дозна кога биле фатени за време на приватен лет. Бред Пит ја носел на југот на Франција и тоа на имот и виноград што ги купил додека се’ уште бил во брак со Анџелина Џоли и каде што актерката го кажала судбоносното „да“. Меѓутоа, оваа врска завршила кон крајот на октомври.

Кејт Бекинсејл и Гуди Грејс

47-годишната актерка во октомври ја завршила деветмесечната врска со канадскиот пејач Гуди Грејс (23). По раскинувањето, Кејт ги избришала сите заеднички слики од Инстаграм и го отследила бившиот.

Скот Дисик и Софија Ричи

Поранешниот партнер на Кортни Кардашијан и ѕвездата од реални шоуа Скот Дисик и манекенката Софија Ричи раскинале во мај по три години врска.

Меган Фокс и Брајан Остинг Грин

Актерскиот пар кој е заедно 16 години, од кои 10 во брак, никогаш не криел дека нивниот однос имал бројни подеми и падови. Долго се шушкало за крајот на нивната љубов, а Брајан Остин Грин во мај го потврдил разводот, откривајќи дека Меган го оставила.

Мајли Сајрус и Коди Симпсон

Американската пејачка Мајли Сајрус (27) летоска раскинала со Коди Симпсон (23) по помалку од една година романса. Парот бил во врска од октомври мината година откако Мајли се развела од актерот Лиам Хемсворт (30), со кого била во брак две години.

Оливија Вајлд и Џејсон Судеикис

Веста за раскинувањето на нивната свршувачка ја шокирала јавноста минатиот месец, бидејќи важеле за еден од најстабилните парови. Но иако за крајот на љубовта се дознало во текот на пандемијата на коронавирус, парот раскинал уште на почетокот на годината. Оливија Вајлд и Џејсон Судеикис од својата седумгодишна врска имаат две деца, за кои ќе се грижат заедно, по договор.

Памела Андерсон и Џон Питерс

Ѕвездата од култната серија „Чувари на плажата“ се омажила на почетокот од годината со 22 години постар филмски продуцент, Џон Питерс, но бракот траел вкупно 12 дена, што направило хаос во медиумите.

Ријана и Хасан Џамил

Пејачката Ријана на почетокот од 2020 ја раскинала романсата со мултимилионерот Хасан Џамил по три години врска. Парот раскинал без медиумска помпа, како што и започнал врска. Причината за раскинувањето не е позната.

Кели Кларксон и Брендон Блексток

Важеа за еден од најхармоничните парови и ништо не покажуваше дека меѓу сопружниците владее криза. Актерката летоска поднела барање за развод од својот сопруг Брендон Блексток, по седум години брак.

Извор: УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ

Коронавирус