среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Познати

Денеска во домот на Лепа Брена голем повод за славење: Пеачката слави јубилеен 60 роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Денеска во домот на Лепа Брена голем повод за славење: Пеачката слави јубилеен 60 роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Една од најголемите ѕвезди на бивша Југославија, Фахрета Јахиќ, позната како Лепа Брена денес го прославува својот 60 роденден. Иако влегува во седмата деценија, оваа балканска дива изгледа се подобро.

Освен долгите децении на завидна кариера, убавина и елеганција со која гордо се носи, Брена е и горда баба и свекрва.

Пеачката во оваа прилика на својот Инстаграм профил со многубројните следбеници, сподели видео од почетокот на нејзината кариера, а пофалби и роденденски честитки и пристигнуваат од сите страни.

Меѓутоа, се чини дека Брена најмногу се израдувала на роденденските честитки од своите снаи кои први и посакале искрени желби.

Меѓу првите честитки се најде и продукцијата Ѕвездите на Гранд од својот официјален профил.

Најнови вести

Коронавирус