вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 146
home Познати

Денеска ќе наполнеше 71 година: Оваа последна порака за животот од Оливер Драгојевиќ ќе ви го скрши срцето

Денеска ќе наполнеше 71 година: Оваа последна порака за животот од Оливер Драгојевиќ ќе ви го скрши срцето

Легендарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ денеска би наполнил 71 година.

Морскиот волк минатата година требаше да го прослави 70-от роденден со голем концерт во Сплит на кое се планираше да ги одбележи своето 50 години кариера, но поради болеста тој го откажа концертот.

Но, неколку месеци подоцна Оливер им се обрати на фановите за време на една манифестација каде му беше доделена на наградата за животно дело.

-Како дете сакав да свирам и пеам во исто време и тој сон некој ми го прекина. Ги поздравувам сите луѓе кои ме поддржаа во таа криза. Ми се чини дека се уште има време за пеење и свирење, но ако се сменат нештата работите ќе бидат добро.

Тој им порача на сите да се гушкаат бидејќи целиот живот е фантазија.

Оливер Драгојевиќ е роден на 7 декември 1947-та година, а почина на 29 јули годинава. Сплит во негова чест организираше несекојдневно морнарско испраќање за кое пренесоа и светските медиуми.

Коронавирус