петок, 6. декември 2019. Вести денес: 82
home Познати

Денес е меѓу најславните актери и најзгодните мажи: Нема да верувате што работел претходно (ФОТО)

Денес е меѓу најславните актери и најзгодните мажи: Нема да верувате што работел претходно (ФОТО)

Британскиот актер Џејсон Статам (51) во неодамнешното интервју за Daily Star открил дека е изненаден што толку долго опстанал во Холивуд.

Иако веќе 20 години откако ја почнал кариерата на филмското платно, Џејсон себе си, не се смета за вистински актер.

-Јас всушност и не сум вистински актер, некогаш изработував накит на улица. Бев спортист со години и не сум некоја филмска ѕвезда која може да се транформира во различни улоги. Едноставно во ова влегов бидејќи бев на вистинско место во вистинско време, рекол Статам.

Пред холивудската слава, британскиот актер заработувал и како статист во музички видеоспотови.

Сега е светски познат актер, а веќе девет години е во врска манекенката и супермодел Роси Хантингтон – Витли (32). Двојката има двегодишен син Џек Оскар.

Најнови вести