недела, 9. август 2020. Вести денес: 75
home Познати

Деми Мур открила зошто ѝ пропаднале сите три брака: „Не се каам за ништо“

Деми Мур открила зошто ѝ пропаднале сите три брака: „Не се каам за ништо“

Во интервју за еден подкаст, актерката Деми Мур се потсетила на своите бракови и открила како конечно сфатила каде грешела, по долга потрага по одговорот

Ѕвездата од филмовите „Дух“ и „Стриптиз“, Деми Мур, зад себе има три пропаднати брака, а интересно е тоа што го задржала презимето на првиот сопруг со кого најкратко била во брачна заедница.

Имено, познатата бринета е родена под името Деми Џин Гајнес, а по бракот со рокерот Фреди Мур (1981-1985) одлучила да го задржи неговото презиме.

Со акциониот јунак Брус Вилис била во брак од 1987 до 2000 година, во кој родила три деца, а во третиот брак со помладиот Ештон Кучер се впуштила во 2005 година. Иако многумина им предвидувале брз крај, тој брак потрајал дури осум години.

 

View this post on Instagram

 

Happy birthday Bruce! Thank you for the three greatest gifts of my life ❤️

A post shared by Demi Moore (@demimoore) on


По сите тие искуства, дури пишувањето на мемоарите објавени под името Inside Out ѝ помогнало да сфати каде грешела.

Коронавирус