петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 64
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Деми Ловато се огласи откако се предозира, за проблемите ги обвини нив

Деми Ловато се огласи откако се предозира, за проблемите ги обвини нив

Деми Ловато преку Твитер им се обрати на своите обожаватели, за своите проблеми ги обвини медиумите.

Во бесвесна состојба, таа летото заврши во болница. Нејзиниот телохранител ја пронашол онесвестена и предозирана во нејзиниот дом во Лос Анџелес.

По пружената медицинска помош, ѕвездата на Дизни заврши на рехабилитација, а сега се огласи преку Твитер.

-Ги сакам своите обожаватели и ги мразам таблоидите. Не верувајте во она што ќе што ќе го прочитате. Луѓето измислуваат работи за да продаваат приказани. Ако почувствувам дека светот нешто треба да знае, тогаш тоа лично ќе го кажам. Трезна сум и благодарна што сум жива, пишува Ловато.

Таа додава дека еден ден на светот ќе му каже што точно се случило и каков е нејзиниот живот денес.

-Но, додека не бидам подготвена тоа да го споделам, ве молам престанете. Се уште ми се потребни простор и време да се излекувам. Би сакала да ставам точка на гласините, но на никој ништо не му должам. Моите обожаватели знаат дека работам на себе и дека сум среќна, листа и им благодарам на поддршката, ја завршува таа објавата.

Најнови вести

Коронавирус