петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 180
home Познати

Демантираше дека е во врска со женето момче, а сега гордо кажа „ДА“ – ќерката на Топалко запросена во невиден луксуз (ФОТО)

Демантираше дека е во врска со женето момче, а сега гордо кажа „ДА“ – ќерката на Топалко запросена во невиден луксуз (ФОТО)

Ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топалко, Хелена Топаловиќ го изговори судбоносното „ДА“ и се пофали на социјалните мрежи.

Убавицата објави на својот Инстаграм профил фотографија од одморот на кој е заедно со својот избраник.

Имено таа сподели фотографија од хотелската соба во која има букет со црвени рози, а дел од нив се постелени и низ постелата.

Таа неодамна беше на мета на медиумите бидејќи беше во врска со оженето момче, но потоа демантираше тврдејќи дека тој е разведен.

Овој пат таа не се срамеше да го покаже дијамантскиот прстен токму од ова момче кое засега се уште е анонимно за јавноста.

Инаку запросувањето се случи во еден луксузен хотел во Шпанија, а таа претходно беше поврзувана со пејачот Слоба Васиќ и тенисерот Дамир Џумахур.

Локални избори 2021