понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 135
home Познати

Дејвид Атенброу го урна рекордот на Инстаграм: За 5 часа стигна до милион следачи

Дејвид Атенброу го урна рекордот на Инстаграм: За 5 часа стигна до милион следачи

Познатиот британски водител и љубител на природата, Дејвид Атенброу за пет часа стигна до милион следачи на Инстаграм. Со тоа, тој го урна рекордот на глумицата Џенифер Анистон.

Имено, сер Дејвид Атенброу (94), кој се вклучи на Инстаграм во четвртокот, ги собра првите милион следачи во првите четири часа и 44 минути. Анистон тоа го направи за пет часа и 16 минути во октомври минатата година.

Познатиот натуралист го отвори својот Инстаграм профил, нагласувајќи дека решил така да му помогне на „светот во неволја“… – Одлучив да го направам овој чекор, да истражам нов облик на комуникација, оти, како што сите знаеме, светот е во неволја!, рече Атенброу во видеото на Инстаграм.

– Континентите горат, глечерите се топат, коралните гребени умираат, рибите исчезнуваат од нашите океани… Тој список продолжува. Но, знаеме што треба да се направи за тоа. Во следните недели, ќе објавам пораки за да објаснам кои се проблемите и како можеме да ги решиме, вели тој натаму.

Со Инстаграм-профилот управуваат продуцентите на неговиот неодамнешен филм „Животот на нашата планета“, кој ќе почне да се прикажува во кината следната недела.

 

View this post on Instagram

 

David Attenborough has spent a lifetime travelling, exploring the wild places of our planet and documenting the living world in all its variety and wonder. He’s also witnessed the damaged caused. Saving our planet is now a communications challenge. We know what to do, we just need the will. That’s why we want to share this message on Instagram. Because there is hope and together, we can inspire change. Social media isn’t David’s usual habitat so while he’s recorded messages solely for Instagram, like the one in this post, we’re helping to run this account. In case you’re wondering, ‘we’ are Jonnie and Colin and we worked with David on A Life On Our Planet. So, as well as sharing the messages he’s recorded especially for this account we’ll also post some exclusive clips and behind the scenes content. Stay tuned.

A post shared by A Life On Our Planet (@davidattenborough) on

Коронавирус