вторник, 11. август 2020. Вести денес: 106
home Познати

„Дејли експрес“: Принцот Хари и Меган размислуваат за второ дете

„Дејли експрес“: Принцот Хари и Меган размислуваат за второ дете

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, размислуваат за второ дете. Тоа го тврди извор близок до британското кралско семејство, објави „Дејли експрес“.

-Тие сигурно сакаат уште едно дете. Меган рече дека ќе има две деца, сведочи неименуваниот пријател.

И пријателот на покојната принцеза Дајана, Пол Барл го потврди тоа во една прилика.

На 6 мај 2019 година, на принцот Хари и Меган Маркл им се роди синот Арчи Харисон Маунтбатон-Виндзор. Тој тогаш го зазеде седмото место за наследување на британскиот престол по неговиот дедо – принц Чарлс, принцот Вилијм и неговите деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луј, и – по принцот Хари, татко на Арчи.

На 1 април, принц Хари и Меган Маркл се откажаа од своите должности како членови на британското кралско семејство и се преселија, прво во Канада, па во Лос Анџелес, САД. Наредните 12 месеца тие сѐ уште можат да сметаат на финансиската помош на принцот Чарлс. (МИА)

Коронавирус