петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 130
Во живо

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Натпартиски протест во Куманово за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Познати

Децата на принцот Хари нема да имаат исто презиме, еве и зошто

Децата на принцот Хари нема да имаат исто презиме, еве и зошто

Откако се венчаа принцот Хари и Меган Маркл целата нација едвај ги чека новите вести за проширување на нивното семејство.

Британските медиуми и обожаватели нестрпливо ги чекаат децата на славната двојка, а веќе почнаа и шпекулации и со нивните имиња и изглед.

Од бременоста на Меган засега нема ништо, но некои детали за животот на децата на Меган и Хари се веќе познати.

Можно е тие да не бидат принцови или принцези и да ги имаат титулите лорд и лејди, а општо познато е и дека оваа титула ќе ја наследат само машките деца, а не и женските.

Децата најверојатно ќе се презиваат Сасекс, односно тоа ќе биде презимето кое ќе го користат кога ќе тргнат во училиште. Децата на принцот Вилијам и Кејт го користат презимето Кембриџ, а Вилијам и Хари за време на нивното школување го користеле презимето Велс чија титула била на нивните родители.

Коронавирус