вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 57
home Познати

Де Ниро итно хоспитализиран: Се повреди за време на снимање

Де Ниро итно хоспитализиран: Се повреди за време на снимање

Актерот Роберт Де Ниро ја повредил ногата во четвртокот за време на снимањето во Оклахома. Тој веднаш ги собрал своите работи и се упатил кон Њујорк за да биде прегледан во болница, пишува „Дејли Меил“.

Не е познато во каква состојба е Де Ниро или колку е сериозна повредата.

„Како и да е, Роберт требаше да патува во Њујорк две недели, така што нема да има одложување на снимањето“, изјави за „Дејли Меил“ портпаролот на актерот.

Де Ниро моментално глуми во филмот „Killers of the Flower Moon“ на Мартин Скорсезе. Главната улога, заедно со Роберт, ја игра Леонардо ди Каприо.

Ди Каприо неодамна на Инстаграм објави сцена од претстојниот филм.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија