сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 40
home Познати

Дарко Лазиќ прави свадба под шатор со 1.000 гости – истиот адет го има со секоја жена, Ана Севиќ во минатото беше згрозена од ова!

Дарко Лазиќ прави свадба под шатор со 1.000 гости – истиот адет го има со секоја жена, Ана Севиќ во минатото беше згрозена од ова!

Пејачот Дарко Лазиќ повторно реши да се жени, овој пат со својата девојка Барбара Бобак со која е во врска само неколку месеци.

Пејачот се решил дури и да направи голема прослава под шатор во родниот крај.

Лазиќ заедно со својата девојка наводно го подготвуваат и списокот на гости кој ќе број дури до илјада гости.

-Дарко се промени целосно откако е со Барбара, секогаш е насмеан и повеќе не троши пари како претходно. Многу сме задоволни од него, но и од неговата девојка. Ни кажа дека никој не сакал толку многу како неа. Му се допаѓа што Барбара е природна и спонтана и што се занимава со иста професија, па често заедно би настапувале, вели извор близок до парот.

Дарко и предложил на Барбара да прават свадба под шатор, а таа прифатила.

-Барбара дури му рекла дека таа сонува за таква свадба, а Лазиќ и потврдил дека ќе има свадба каква што не памети Србија. И таа има голема фамилија како и пејачот, па сакаат сите да ги повикаат. Само од нејзина страна има над 300 гости, а Дарко планира да викне и многу колеги, па сигурно под шаторот ќе има близу илјада гости, раскажува изворот.

Изворот додава и дека ќе се печат два вола по повод нивната прослава, а во минатото неговата прва жена Ана Севиќ беше згрозена од оваа нивна традиција нарекувајќи ја „селска“ кога Лазиќ печеше вол по повод раѓањето на ќерката.

Инаку Дарко зад себе има два пропаднати брака и две деца, ќерката Лорена и синот Алексеј.

Најнови вести

Коронавирус