сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Познати

Дарко Лазиќ по трет пат станува татко ?! Барбара на Инстаграм ја обелодени вистината: „Јас сега јадам за двајца“ (ФОТО)

Дарко Лазиќ по трет пат станува татко ?! Барбара на Инстаграм ја обелодени вистината: „Јас сега јадам за двајца“ (ФОТО)

Дарко Лазиќ не се смирува, а како што изгледа во последно време оди од грешка во грешка.

Неодамна во јавноста ја претстави својата нова девојка Барбара Бобак со која ужива во врската, а таа сега ја изненади јавноста со објава на Инстаграм.

Барбара и Дарко неодамна го прославија неговиот роденден во Египет, каде отидоа заедно на патување, а таму изгледа не губea време.

По враќањето, роденденот на пејачoт го прославија со пријателите, а Барбара призна дека сега јаде многу повеќе и на една фотографија напиша:

– Сега јадам за двајца – што е термин што го користат само трудниците кога јадат повеќе поради фактот што носат бебе.

Дали Дарко чека трето дете или Барабара намерно сака да привлече внимание со оваа изјава, времето ќе покаже.

Барабара нема деца, додека Дарко од бракот со Ана Севиќ ја има ќерката Лорена, а од врската со Марина Гагиќ синот Алексеј.

Коронавирус