сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 12
home Познати

Дарко Лазиќ по будењето од кома рекол нешто што ја расплакало неговата мајка

Дарко Лазиќ по будењето од кома рекол нешто што ја расплакало неговата мајка

Дека пејачот Дарко Лазиќ е омилен во местото во кое пораснал, и во кое и понатаму поминува поголем дел од своето слободно време, и за него сите мештани имаат само пофални зборови, се покажало кога екипа на српски медиуми дошла во неговиот роден крај.

Бидејќи е разбуден од кома, состојбата на Дарко е стабилна. Кога пејачот дошол при свест, и сфатил што всушност се случило неговата мајка за српскиот медиум „еспресо“ во дворот на куќата каде пораснал Дарко раскажала.

-Знаете, сега мене ми е важно тој да е добро. Кога се разбуди, тоа беше најсреќен момент за мене. Ме преплавија емоции и некое неверјатно олеснување, не знам ни како би го опишала тоа нешто. И тој го сфати тоа веднаш, и каде е, и што е, знаеше веднаш што се случило. Мислев дека можеби поради комата нема да може веднаш да си дојде на себе, но тој беше скроз бистар веднаш штом се разбуди, знаеше и тогаш ми рече: „Мајко, знам се што се случи. Свесен сум што направив, и многу ми е жал. Да можам да го вратам времето, се би било поинаку. Би сакал ова никогаш да не се случеше“-раскажала мајката на Дарко, која иако добро била расположена, не можела да ги сокрие солзите со кои за секунда и се наполниле очите.

Коронавирус