недела, 5. јули 2020. Вести денес: 139
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Познати

Дарко Лазиќ отворено за пороците: Дрогата ме уништи, нема да дозволам Лорена и Алексеј…

Дарко Лазиќ отворено за пороците: Дрогата ме уништи, нема да дозволам Лорена и Алексеј…

Се каам што воопштво пробав наркотиви и ќе направам се Лорена и Алексеј да не тргант по моите стапки, вели срспкиот пејач Дарко Лазиќ во едно интервју.

Тој вели дека дрогата го упрорастила, тврди дека по тешката сообраќајна несреќа во октомври 2018 година го променил животот и заврши со пороците.

-Тоа што го правев е лошо, свесен сум дека погрешив. Самиот на себе си наштетив. Но, најважно е дека се прекинав на време. Им давав лош пример на младите, затоа апелирам на сите деца да не помислуваат да земат дрога бидејќи тоа не е добро и ништо добро не може да им донесе, вели Лазиќ за Информер.

Фолкерто објаснува и како влегол во тој круг.

-Дојдов од село во голем град, живеев сам, не бев под надзор на родителите, па правев што сакам. Едноставно немав контрола. На сето тоа, ги почувствував парите, а немав поим за животот. Мислев дека е злато се што свети. Немав кој да ме запре. Полерав, но на време се спуштив, објасува Лазиќ.

Дарко вели дека сега животот го променил на подобро најмногу поради своите деца, петгодишната ќерка Лорена и осуммесечниот син Алексеј.

-Еден ден ќе морам да им објаснам дека тато згрешил и дека дрогирањето е најлошата работа која сум можел да ја направам. Не се плашам дека тие ќе тргнат по мојот пат, бидејќи ќе дадам се од себе поинаку да ги воспитувам. Ќе внимавам на нив, и ќе им всадам вистински вредности за животот, објаснува фолкерот.

Парламентарни избори 2020