среда, 24. јули 2019. Вести денес: 0
home Познати

Дарко Лазиќ искешира 250 илјади евра за новиот дом- а кога ќе видите која соба е најскапа и колку чинат овие детали ќе останете во неверување

Дарко Лазиќ искешира 250 илјади евра за новиот дом- а кога ќе видите која соба е најскапа и колку чинат овие детали ќе останете во неверување

Дарко Лазиќ на големо го подготвува новиот дом каде ќе се вселат со свршеницата Марина Гагиќ како и синот кој треба да се роди во секој момент.

Српските медиуми на големо пишуваат дека неговиот дом ќе чини околу 250 илјади евра, а до сега пејачот само за ентериерот дал околу 40 илјади евра.

-Тој е вистински лав и сака да и ги исполни сите желби на Марина. Гарнитурата за седење ја платија 3.600 евра, а скоро толку искеширале и за кујнските елементи. Трпезаријата е голема, а бидејќи се голема фамилија Дарко предложил да купат голема маса со 12 столчиња, а сето ова ги чинеше многу, вели изворот.

Изворот вели дека сепак тој најмногу пари искеширал за собата на неговата мазеница Лорена за да може максимално да ужива кога ќе дојде кај татко и на гости.

Целата соба на Лорена чини околу 9 илјади евра, а слична ќе биде цената и за собата на синот кој наскоро доаѓа.

-Лорена има необичен кревет со комплетни ормани, масички, комоди, детски тепих, завеси. Се ќе биде розово и сребрено, вели изворот.