понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 83
home Познати

Дарко и Ана се уште не се разведени: Лазиќ ќе ги потпише документите само под овој услов

Дарко и Ана се уште не се разведени: Лазиќ ќе ги потпише документите само под овој услов

Пејачите Дарко Лазиќ и Ана Севиќ се уште ги немаат потпишано документите за развод, иако и двајцата веќе имаат други партнери, а пејачот дури и чека дете со вереницата Марина Гагиќ.

Лазиќ открил дека се уште се немаат договорено околу старателството над ќерката Лорена и дека тоа е вистинската причина поради која не сака да стави официјален крај на бракот со Ана.

-Не успеавме да се договориме околу старателството над Лорена. Свесен сум дека детето мора да расте покрај својата мајка, освен тоа во Белград оди и во градинка, подоцна во училиште, но јас би сакал законски да добијам право да ја гледам почесто и да учествувам во нејзиното растење. Кога ќе се договориме околу тоа, без проблем ќе ги потпишам документите, открил Дарко.

Коронавирус