недела, 25. јули 2021. Вести денес: 83
Во живо

Изјава на Христијан Мицкоски

home Познати

Данската премиерка по вторпат ја одложува својата венчавка

Данската премиерка по вторпат ја одложува својата венчавка

Данската премиерка Мета Фредериксен уште еднаш ќе ја одложи својата венчавка, планирана за следниот месец, овој пат заради самитот на Европската унија на кој ќе се расправа за буџетот на европскиот блок.

„Средбата на Советот во Брисел ќе се одржи во сабота во јули, кога ја планиравме свадбата“, напиша Фредериксен на Инстаграм, пренесена од американските медиуми.

„Сепак, морам да се грижам за мојата работа и интересите на Данска“, дополни таа, додавајќи дека таа и нејзиниот свршеник мора уште еднаш да ги променат своите планови за свадбата.

Ова е вторпат таа да ја одложи церемонијата на венчавка.Фредериксен минатата година го одложи бракот заради националните избори, што беа одржани на 5 јуни, по што нејзината Социјалдемократска партија формираше еднопартиска, малцинска влада.

Фредериксен и нејзиниот свршеник Бо Тенберг се запознале во 2014 година, а се верени од 2017 година, објави весникот „Екстра Бладет“.

Данската премиерка изјави дека веројатно наскоро ќе успее да се омажи за својот долгодишен партнер и ја пофали неговата трпеливост. (МИА)

Коронавирус