среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 191
home Познати

ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ: Марина Туцаковиќ го напиша текстот за еден од најголемите хитови на ТОШЕ ПРОЕВСКИ (ВИДЕО)

ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ: Марина Туцаковиќ го напиша текстот за еден од најголемите хитови на ТОШЕ ПРОЕВСКИ (ВИДЕО)
Тоше Проески

По тешко боледување вечерва на 67 -годишна возраст почина музичкиот текстописец Марина Туцаковиќ.

Таа напиша бројни хитови за најголемите sвезди од музичката сцена на поранешна Југославија, како на Здравко Чолиќ, Индира Радиќ, Северина, Нина Бадриќ, Неда Украден, Аца Лукас… но и на нашиот Тоше Проески.

Мега хитот на Тоше Прески „Соба за тага“ е дел од албумот „Ако ме погледнеш во очи“ (Ако ме погледаш у очи) кој се појави во 2002 година. Музиката ја напиша грчкиот композитот Фивос, српската верзија на текстот е дело на Марина Туцаковиќ (Соба за тугу), а за аранжманот се погрижи Манолис Влахос.

Изданието содржи 10 композицвии и беше најава за соработката помеѓу македонската музичка легенда и „ Фајнл кат продакшн“

Во 2005 година, Тоше Проески го издаде својот петти албум „По тебе“ ( Пратим те) на територијата на цела поранешна Југославија. Од Вардар до Триглав. Како некогаш, кога сите станувавме на „Хеј, Словени“, така во таа 2005 година, кога војните одамна го имаа наплатено својот данок, сите републики стануваа за да ги пеат неговите хитови. Неговите песни, полни со емоција, повторно за миг ги споија старите братски народи. Тоше беше единствениот изведувач што успеа да ја освои цела поранешна Југославија, иако никој не го познаваше во почетокот на деведесеттите години, пред да почне големото раздружување на големата држава.

Најнови вести

Локални избори 2021