сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 38
home Познати

Црногорскиот пејач го најави своето самоубиство на Инстаграм, полицијата интервенирала

Црногорскиот пејач го најави своето самоубиство на Инстаграм, полицијата интервенирала

Црногорскиот фолк-пејач Бојан Томовиќ (37) наводно се обидел да се самоубие, но трагичниот исход е избегнат кога полицијата упаднала во неговиот стан.

Томовиќ на својот Инстаграм-профил оставил и проштална порака, во која им упатил извинување на најблиските и побарал да биде погребан на Цетиње.

„Мајко, брате, извинете, но јас не можам повеќе. Никој не е виновен. Заминувам среќно кај мојот Таја. Погребајте ме на Цетиње, тоа ми е единствената и последна желба“, напишал пејачот, кој инаку боледува од тешка психичка болест – биполарно нарушување.

Како што пренесува порталот „Инсајдер.ин“, црногорската полиција интервенирала на повикот на соседите, кои пријавиле дека нешто чудно се случува во станот на познатиот пејач. По интервенцијата, Бојан бил пронајден во критична состојба.

Коронавирус