петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 114
home Познати

ЦРНИОТ 7 ЈУНИ ЗА НЕА – наместо легендарниот кошаркар и се јавила Македонка која и кажала дека тој загинал, а потоа истрчала да се фрли!

ЦРНИОТ 7 ЈУНИ ЗА НЕА – наместо легендарниот кошаркар и се јавила Македонка која и кажала дека тој загинал, а потоа истрчала да се фрли!

На денешен ден во сообраќајна несреќа, живото го загуби Дражен Петровиќ, легендарен кошаркар од Хрватска кој го доби епитет „кошаркарски Моцарт“, виртуоз кој успеа да се наметне со одличните игри во Европа а подоцна и во најсилната кошаркарска лига на светото-НБА.

 

Дражен Петровиќ почина на 28-годишна возраст, во сообраќајка која се случи во Германија, неговата мајка Бисерка изјави дека трагичната вест ја добила трагичната вест ја добила од Македонка, за која вели дека ќе ѝ го памети гласот додека е жива.

„Тој кобен ден на седми јуни чекав да ми се јави мојот син, тој постојано се јавуваше кога ќе минеше дел од патот,.Кога добив повик и помислив дека е тој, од другата страна се јави некоја Македонка чиј глас ќе го паметам додека сум жива. На хрватски јазик таа ме праша дали е тоа домот на Петровиќ, а потоа ја слушнав трагичната вест. Плачев, тргнав кон балконот, сакав мојот живот да заврши, за среќа во станот беше мојот сопруг, кој успеа да ме сопре во намерата“ – изјави Бисерка.

Дражен Петровиќ настрада на 29-годишна возраст, во близина на Минхен, како сопатник во автомобил марка голф чиј возач не ја приспособил брзината кон условите на патот.

Коронавирус