сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 56
home Познати

Четврти пат и се враќа ракот: Пејачката ја очекува шестата операција, а од овие нејзини зборови многумина ги полазеа морници

Четврти пат и се враќа ракот: Пејачката ја очекува шестата операција, а од овие нејзини зборови многумина ги полазеа морници

Пејачката на народната музика Нада Обриќ со години се бори со карцином, кој успева да го победи секој пат. Иако болеста повторно ѝ се врати, таа позитивно гледа на животот.

„Лекарите се чудат кога ќе слушнат. Јас не им давам на луѓе со лоша енергија да се близу до мене, не давам приказни за смртта, кои сè починале од оваа болест, можеме да се дружиме, но не и да зборуваме за моите болести. Има ноќ кога ќе останам сама и размислувам за тоа. Занимавајте се со сегашноста, не одете премногу далеку во минатото. Најголемото зло на денешницата е кога пребарувате болести на интернет. Ова е мојот четврти карцином и ќе биде моја шеста операција“, изјави Нада, додавајќи:

„Јас ја утешувам околината, моите деца и пријателите. Откако знам за себе, ме следи оваа реченицата: Ма лесно ѝ е на Нада. Мене ми одговара луѓето да ми  зборуваат убаво. Свесна сум за сè што направив и многу сум горда“.

Taa  дури откри и една анегдота.

„Шестото сетило ме следи цел живот. Ќе ви раскажам една анегдота која најдобро го илустрира ова. Како дете се расправав со брат ми, а мајка ни нè слушаше. Кога виде дека никој од нас не попушта, таа рече: „Замолчи Драго. Таа не е сама, зарем не научи дека секогаш ќе биде како што вели таа. Затоа, во иднина, само климајте со главата!“ Тогаш бев млада и не обрнував внимание, а како што созревав, се сетив на тие нејзините зборови, ги поврзав некои работи и сфатив дека тука има нешто. Не знам како да го наречам тоа, но моќта да предвидам некои ситуации ми го спаси животот повеќе пати“.

Со оглед дека нејзиното здравје е во лоша состојба таа е претпазлива во однос и на коронавирусот. Поради тоа се придржува до сите превенции и секогаш носи маска и ракавици.

Коронавирус