недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Познати

Четкар освојува во САД: Концерти на нашиот музичар во Њујорк, Детроит и Кливленд

Во петок, 2 февруари, Четкар ќе настапи во Кливленд, Охајо, во клубот „Nighttown” кој според магазинот „Down Beat” е еден од водечките џез клубови во светот.
Четкар освојува во САД: Концерти на нашиот музичар во Њујорк, Детроит и Кливленд

Џез-музичарот Владимир Василевски Четкар деновиве ќе има три концерти во САД – во Њујорк, Детроит и Кливленд.

Четкар денеска ќе настапи на Тајм сквер со концерт во познатиот њујоршки клуб „BB king Blues Club” каде редовно настапуваат звучни имиња од фанк, блуз и соул музиката.

Во петок, 2 февруари, Четкар ќе настапи во Кливленд, Охајо, во клубот „Nighttown” кој според магазинот „Down Beat” е еден од водечките џез клубови во светот.

Наредниот ден, 3 февруари, македонскиот музичар ќе одржи концерт во Детроит во џез клубот „Jazz  Café Detroit“ кој се наоѓа во историскиот Мјузик Хол.

На сите концерти Четкар ќе свири своја авторска музика и ќе предводи интернационален септет со американски, јапонски, мексикански и холандски музичари.

Коронавирус